Skip to main content
x

14 Feb 2020 - 16:55
sportmedia
Статија
 

Со одлука на Управниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија, лидерот во машкото одбојкарско првенство, Вардар заработи суспензија во пресрет на вториот дел од сезоната, а истата казна се однесува и за женскиот тим.

ОФМ во официјалниот билтен образложи дека причината за ваквиот потег се неплатени котизации, лиценци, мандатни казни и судиски трошоци кои за ОК Вардар изнесуваат 435.900 денари, додека за Вардар жени 114.950 денари.

Сепак од ОК Вардар за СПОРТМЕДИА потврдија дека долговите кон ОФМ се подмирени во текот на денешниот ден (ОФМ потврди дека се платени само долговите за женскиот тим) и дека утре ќе може да се натпреваруваат.

Но, ОК Вардар го нема само овој проблем, туку и долг од околу 3.300 евра за меѓународни трансфери на играчи, поточно 2.300 евра за сертификати за двајцата српски одбојкари кои ги има во своите редови, како и 1.000 долари кон Јапонската федерација, за услугите на јапонскиот одбојкар кој беше во тимот само во првиот дел од сезоната.

sportmedia.mk

Најчитани вести