Шеесет и осумгодишен скопјанец пријавил дека бил измамен од едно лице. Според пријавеното, на телефон му се јавило лицето и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот.

Исто така, тој се согласил на тоа и подоцна пред неговата куќа му предал пари на лицето. Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

Најчитани вести