Петгодишно девојче од Пробиштип е повредено откако вчера во него удрил автомобил на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип. Како што соопшти МВР, возачот, по инцидентот, го напуштил местото.

Повреденото дете било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип.

извор: Makfax

Најчитани вести