Skip to main content
x

14 Feb 2020 - 15:15
sportmedia
Статија
 

Три од десет клубови пролетниот дел ќе го започнат со странски тренери. Тоа се Ратко Достаниќ (Србија) во Ранотнички, Ернест Ѓока (Албанија) во Шкендија и Наџи Шенсои (Турција) во Македонија ЃП. Од овие десет клубови,  во зимскиот преоден рок само клубот од Градски парк направи тренерска смена, си замина Марјанчо Андрески а дојде Ратко Достаниќ. Екс стратегот на Вардар треба да ги спасува „романтичарите“ во пролетниот дел од најлошото.

Кога станува збор за возраста, за искуството, најстар тренер со 61 година е Наџи Шенсои, потоа доаѓа на ред Ратко Достаниќ со 60 години, следува Ќатип Османи со 50 години, па Ернест Ѓока. Додека најмлад е Јетон Беќири, имено шефот на стручниот штаб на Струга Трим Лум има само 37 години. Нешто повозрасен е Александар Васоски со 40 години кој има голема шанса со Вардар да дојде до својот прв пехар како тренер, па Бујар Ислами со 41 година, Југослав Тренчовски со 43, Горан Симов има 44 а Горазд Михајлов 45 години.

Од сите овие тренери шампионски пехари во ПМФЛ има само Ќатип Османи, актуелниот стратег на Шкупи. Ќато на Шкендија и донесе три пехари во првенството и една во Купот. Куп пехари имаат освоени и Тренчовски, Михајлов и Шенсои.

На крајот ни останува да видиме дали сите овие десетмина и ќе ја завршат сезоната како тренери на своите сегашни клубови.

ТАБЕЛА ПО ВОЗРАСТ

НАЏИ ШЕНСОИ (Тур) Македонија ЃП 61 години

РАТКО ДОСТАНИЌ (Срб) Работнички 60

ЌАТИП ОСМАНИ Шкупи 50

ЕРНЕСТ ЃОКА (Алб) Шкендија 50

ГОРАЗД МИХАЈЛОВ Борец 45

ГОРАН СИМОВ Силекс 44

ЈУГОСЛАВ ТРЕНЧОВСКИ А.Пандев 43

БУЈАР ИСЛАМИ Ренова 41

АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ Вардар 40

ЈЕТОН БЕЌИРИ Струга ТЛ 37

 

 

 

 

 

sportmedia.mk

Најчитани вести