Шпанските власти соопштија  дека спасиле група од 86 мигранти, меѓу кои и бебе родено за време на патување на отворено море.

Службите за спасување на Канарските Острови објавија дека бебето и мајката се пренесени во болницата, како и уште три бремени жени, пренесува АП.

Мигрантите биле во три помали чамци и сите се чувствуваат добро.

Во јануари, во еден од мигрантските чамци, беше пронајдено мртво новороденче по потекло од Африка.

извор: Makfax

Најчитани вести