Српскиот претседател на конференцијата за безбедност во Минхен рече дека е многу задоволен од напредокот во односите со Приштина, во однос на воспоставувањето транспортни врски, што овозможува слободен проток на капитал, луѓе, стоки и услуги и се заблагодари за помошта од американскиот претседател Доналд Трамп во овој процес.

„Тоа не е нешто поврзано со политика. Не беше лесно да се преговара со Приштина, но јас сум многу среќен што денес гледам напредок. Уште еднаш ви се заблагодарувам вам, господине Гренел (Ричард) и на претседателот Трамп за овие иницијативи кои претставуваат единствен пат за Србија. Во иднина сите ќе се чувствуваме многу подобро и ќе бидеме во можност да го стабилизираме регионот, односно да обезбедиме мир за жителите на целиот Западен Балкан за децениите кои доаѓаат“, истакна Вучиќ.

Вучиќ го изјави ова по потпишувањето на Декларацијата со намери за воспоставување  железничка линија меѓу Белград и Приштина, како и завршувањето на изградбата на автопатот меѓу двата града.

 

 

извор: Makfax

Најчитани вести