Предизборните вработувања никако да стивнат. Како се најавија изборите така сведоци сме дека државните и јавни институции нагло ги зголемија огласите за вработување. Директорот на Македонски пошти, Еујп Рустеми од ДУИ, распиша оглас за вработување лица во државната институција. Јавниот оглас е распишан за пополнување на 280 работни места на неопределено работно време.

Вработувањата, симптоматично, доаѓаат на само два месеца пред парламентарните избори.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски го коментираше огласот велејќи дека  нема пари за загадување, патишта, училишта, ама има пари за 280 партиски војници

 

Најчитани вести