Skip to main content
x

14 Feb 2020 - 10:35
sportmedia
Статија

Не оди, па не оди со Оле Гунар Солскјер, па токму затоа челниците на Манчестер Јунајтед го сакаат својот „Јирген Клоп“, и тоа никој друг туку Томас Тухел, тренерот на ПСЖ. Ако им се верува на медиумите во Франција, тие во изминатите часови наголемо пишуваат дека Германецот во јуни ќе се пресели на „Олд Трафорд“, и дека со тоа Баерн Минхен ќе остане со кратки ракави, ако се знае дека баварскиот гигант го чека токму Тухел.

Инаку од порано се знае дека кандидати за стратег на Јунајтед се и Покетино и Алегри, се чини дека Солскјер ќе биде на клупата на „црвените ѓаволи“ само до крајот на сезоната.

sportmedia.mk

Најчитани вести