Во првата половина на март се очекува ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на шпанскиот Парламент, по што во текот на тој месец се очекува Македонија да стане и официјална членка сојузот.

Ова за МИА го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која вчера во Брисел учествуваше на состаноците на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата.

Според сите информации на шпанските колеги очекуваме ратификација во шпанскиот парламент во првата половина на март. Тоа значи дека во тек на месецот ние ќе можеме буквално да ставиме печат, да ставиме потпис и да кажеме дека еден голем напор и еден огромен проект стратешки важен за државата, го завршивме со успех, рече Шекеринска во интервјуто за МИА.

Најчитани вести