Францускиот претседател Емануел Макрон доживеа мала незгода за време на посетата на Полска – се распипа неговиот официјален блиндиран „рено еспас“.

Макрон секогаш користи француски автомобили, а во блиндираниот „рено еспас“ се вози од 2017 година, од кога стана претседател.

Според полскиот весник „Џјеник“, по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда, Макрон влегол во својот „еспас“ за да ја продолжи посетата на земјата, но блиндираното „рено“ не сакало да запали, пренесува „Спутник“.

Бидејќи Макрон не сака да се вози во автомобили што не се произведени во Франција, решението требало да се најде брзо.

Во пресрет излегол францускиот амбасадор во Варшава, Фредерик Бије, кој го понудил својот службен „ситроен Ц6“, па така накратко овој автомобил послужил како претседателска лимузина, пренесува руската агенција.

извор: Makfax

Најчитани вести