Република Македонија не смее повеќе да биде заложник на криминалот и алчноста на Зоран Заев и избори мора да има, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Избори мора да има за да престане тригодишната агонија на континуирано задолжување, заминување на младите, епидемија од корупција, нула капитални инвестиции и сеопшто тонење.

Со секој изминат ден, стравот на Заев од соочување со граѓаните е се поголем затоа што знае дека не само што ќе го испратат во опозиција, ќе бараат од него и кривична одговорност и враќање на секој украден денар.

Аболицираниот Заев на чело со СДСМ со законот за јавно обвинителство сака да се амнестира и да продолжи селективната правда. Повеќе од јасно е дека тој е главата на октоподот. Од снимката објавена во јавноста може да се слушне како криминалецот Зоран Заев признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за „Рекет“ заедно со Катица Јанева.

Затоа Зоран Заев сака да озакони класична неправда, односно незаконски снимки да може за други да се користат како докази, но не и за него бидејќи се со понов датум.

На граѓаните им е јасно дека Зоран Заев е политичко минато и дека државата и правниот систем со него на чело се распаѓаа во изминативе три години. Зоран Заев мора да оди на политичкото буниште за да отпочне обнова на државата на сите полиња. На 12-ти април СДСМ и Зоран Заев заминуваат. Зоран Заев никогаш повеќе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax

Најчитани вести