Skip to main content
x

14 Feb 2020 - 9:15
sportmedia
Статија
 

Кристијан Николов е еден од дебитантите во националниот тим. Кошаркарот на МЗТ Скопје е свесен дека нема да биде лесен патот до евро-шампионатот, но сите се подготвени да го дадат максимумот.

Николов вели дека тој и остатите се одлично примени, со дел од нив веќе добро се познаваат, сите заедно создаваат една супер-комбинација.

„По 6-7 години сум назад во репрезентацијата и чувството е одлично, се вратив каде што припаѓам. Се надевам дека ќе биде добро и ќе се пласираме на Евробаскетот. Ниту еден меч нема да биде лесен. И со Естонија ќе ни биде тешко, брзи се, но мислам дека имаме поквалитетен состав. Знам дека сите ќе дадеме максимум. Подмладувањето ќе донесе и тешки денови, но ќе работиме напорно и ќе се вратиме на европската сцена. Секој со секого се знае во тимот, генерациски сме блиски, имаме супер комуникација, другари сме, нема да има проблем“, вели бекот на МЗТ Скопје Аеродром.

Македонија квалификациите ги почнува на 20-ти овој месец на домашен терен против Естонија, три дена подоцна и гостува на Русија во Перм. Во групата на нашиот национален тим се наоѓа и селекцијата на Италија.

sportmedia.mk

Најчитани вести