Skip to main content
x

14 Feb 2020 - 8:05
sportmedia
Статија
 

По се изгледа дека ништо не се препушта на случајот. Имено  од страна на ФФМ во договор со Косовската Федерација, се прави напор дуелот меѓу Македонија и Косово, закажан за 26 март, да мине без никакви инциденти. Организациски наголемо се работи за овој натпревар. Токму затоа постигнат е договор меѓу МВР на Македонија и Косово,  полицијата на Косово да ги обезбедува свои фанови. Тоа вчера го кажал директорот на полицијата на Косово Рашид Ќалај. Тие би требало во целост да ја обезбедуваат навивачката група „Дарданет“ се до нејзиното влегување на трибините на Арената „Тодор Проески“, а пред тоа и патролна и сообраќајна полиција на Косово ќе се грижи за гостинските навивачи.

sportmedia.mk

Најчитани вести