Skip to main content
x

13 Feb 2020 - 23:15
sportmedia
Статија
 

Судијата Паоло Валери го навлече гневот на домашните фудбалери и фанови после одлуката да свирне пенал поради играње со рака на Калабрија во дуелот помеѓу Милан и Јувентус во првиот меч од полуфиналето на Купот. „Росонерите“ водеа со 1:0, а во 90 минута Ибрахимовиќ со ножички се обиде да шутне, а пред него во скок беше Калабрија. Топката удри во раката на играчот на Милан, а Валери со помош на ВАР досуди пенал.

До тука е Океј, виде игра со рака и свирна пенал. Меѓутоа заборави дека претходно во иста ситуација не покажа пенал за Милан. Чаланоглу се обиде да центрира од страна, а топката удри во раката на Алекс Сандро.

Двете ситуација се на сликата. Прашањето е зошто во првата не е досуден пенал, а во втората е досуден удар од 11 метри кога и во двете ситуации има игра со рака. Тоа прашање почна да кружи во италијанските медиуми по завршувањето на натпреварот.

sportmedia.mk

Најчитани вести