Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре повика на средба со лидерите на политичките партии на која тие ќе треба да се изјаснат дали се за избори на 12-ти април.

Џафери ова го соопшти од собраниската говорница, вечерва пред да ја прекине седницата на која требаше да се расправа за Законот за обвинителство.

Џафери револтиран од Фејсбук статусот на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во кој најави ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

Инаку, нејасно е зошто се свикува лидерска средба кога седницата за распуштање на Собранието веќе е закажана за недела во 12 часот.

Најчитани вести