Оливер Спасовски нема ниту легитимитет, ниту кредибилитет да се повикува на Устав, бидејќи во текот на неговото министерување во многу наврати Уставот и законите се прекршени, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизјна Алфа говорејќи за постапувањето на техничкиот премиер Спасовски во врска со министерката Рашела Мизрахи.

-Единствен кој треба да повика на одговорност е себе си, зошто бил во Влада на аболиран политичар. И гледаме и слушаме во парламентот како во тоа лице се гледа, се дефинира главата на октоподот вослучајот Рекет и никому ништо. Никој не ја спомнува таа важна тема. А видовме како главата на октоподот советува еден од осмоничените во случајот, гледаме јкако знае за проектот со старечките домови кои одат преку Меѓународниот сојуз, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и на случајот Рекет 2 во кој Меѓународниот сојуз е во главна улога

- И тука е вклучен тој аболициран политичар и никој не го повикува лицето кое директно корумпира и медиуми и слично. Внимавајте, не го повикува ова лице јавното обвнителство, рече Мицкоски.

Најчитани вести