Американскиот државен секретар Мајкл Помпео му испрати писмо на новоизбраниот премиер на Косово, Албин Курти, во кое му честиташе на функцијата, но и воедно и јасно му стави на знаење дека укинувањето на таксите за производите од Србија мора да биде приоритет на новата косовска влада, пренесува „Блиц“.

„Укинувањето на тарифите на стоките од Србија и од БиХ ќе биде важно за враќање на страните на преговарачката маса. Се надеваме и очекуваме дека ова ќе го направите прироритет и ќе го искористите напредокот постигнат со писмата за намера за возспоставување воздушна и железничка врска меѓу Приштина и Белград,“ се вели во писмото на Помпео.

Притисокот врз Курти продолжува, па по Ричард Гренел, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, и Помпео му порача на Косово дека таксите не се прифатливи.

извор: Makfax

Најчитани вести