Железничката станица во Црмница, Црна Гора, која деновиве била украсена со тробојка, утринава осамнала ичкртана со кукасти крстови, пренесува „Вечерње новости“.

Како што напишал сведок на настанот, на станицата среде ноќ се паркирал автомобил и од него истрчало едно лице кое ги исцртало кукастите крстови. Се траело десетина минути.

Срамниот чин го осудило локалното здружение „13 Јули“.

„Ова е само уште еден доказ дека во Црна Гора не постои слобода. Платениците на реѓимот среде ноќ им испраќаат порака на слободоумните граѓани ни помалку ни повеќе со исцртување фашистички симболи. Очигледно се потврдува она во што се сомневавме дека наспроти традиционалната тробојка стојат оние кои се гордеат со нацистичките симболи. Еднаш го поразивме кукастиот крст и повторно ќе го сториме тоа,“ велат од здружението.

извор: Makfax

Најчитани вести