"Почитуван пратеник А. Милошоски, како граѓанин на оваа земја, непосреден сведок на селективноста и незаконитоста присутни во работата на јавното обвинителство, ви доставувам аудио материјал кој е од висок јавен интерес, односно содржи сериозни индиции за криминал и корупција на избрани и именувани функционери. Се повикувам на Законот за заштита на укажувачите (свиркачи) од 2016 година и на јавниот интерес за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција и апелирам до вас како пратеник, како ваша должност пред граѓаните, да го споделите овој аудио материјал и транскрипт со колегите пратеници и медиумите како заштитници на јавниот интерес.", пишува Милошоски на ФБ, објавувајќи скратена верзија од неговбиот настап во комисијата за европски прашања, каде, согласно јавниот интерес и законот за заштита на укажувачи, пушти разговори од експремиерот Зоран Заев и детали: како му помагал на Боки да најде пари за 1ТВ.  

На снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за Рекет заедно со Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телевизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од дечко од Хрватска (за што пишуваше Вечер.мк) и бизнисменот Силјан Мицевски. 

Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Во продолжение интегрално текстот од аудио записот.

Зоран Заев: Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.

Зоран Заев: Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телеизијата, ми вика имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа ари тогаш за тоа старечките домови.

Зоран Заев: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата главно за маркетинг тоа беше уште порадно лани Октомври Ноември 2018 година.

Најчитани вести