По успехот на документарниот филм „Медена земја“ да се номинира за оскар во две категории, но иако вчеравечер оваа статуетка не ја донесоа во Македонија, националниот успех на екипата на овој филм речиси брзо да го заборава државата, особено Министерството за култура.

Имено Министерството за култура вели дека нема пари за доделување на награди за тимот на овој документарец. Ова минситерство с епрослави со делење пари за се и сешто, па и сунет како традиција но, за врвна култура и уметност особено ако не е албанска - пари нема.

„Во прописите на културата, вклучително и во Законот за културата и Законот за филмската дејност, не е содржан правен основ за донесување одлука за давање на државна награда и месечен паричен надомест“.

Инаку претходно Владата го задолжи Министерството за култура да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на петчлената екипа која го сними филмот.

Оваа награда требаше да предвидува признание за успехот и месечен материјален надомест, но за жал од ова најверојатно нема да има ништо.

Најчитани вести