Согласно Одлуката за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат (патарина) со која воведува нова категорија на видови возила, Прва категорија А за моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала), се имплементира во системот за наплата на патарина како Категорија 1А и започнува со ефективна употреба и наплата од 10.02.2020 година од 00:00 часот (понеделник, од полноќ).

Во категоријата „1А“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.

Ова се цените по наплатни станици за надоместок за употреба на пат (патарина)

1. Романовце 40 денари / 0,50 евра. 2. Петровец 20 денари / 0,50 евра. 3. Сопот 50 денари / 1,00 евро. 4. Отовица 50 денари / 1,00 евро. 5. Стоби 40 денари / 0,50 евра. 6. Миладиновци 20 денари / 0,50 евра. 7. Тетово 20 денари / 0,50 евра. 8. Гостивар 20 денари / 0,50 евра. 9. Глумово 20 денари / 0,50 евра. 10. Желино 20 денари / 0,50 евра. 11. Гевгелија 60 денари / 1,00 евро.

Најчитани вести