Службено, според полициските податоци, на јахтите во хрватските марини нема проституција, бидејќи МВР не ни води статистика за секс со "придружнички" (ескорт дами) на луксузните пловила. Но, затоа постојат приказни на двојки од Хрватска, Србија, БИХ, Украина, Русија...кои давале ескорт услуги на богати клиенти, сопственици на луксузни јахти. За потребите на пријателите на најбогатиот Русин Роман Абрамович, кој минатото лето престојуваше на Бриони, дошле три девојки од Србија и две познати старлети од Македонија, но нешто пукнало во договорот, па тие со такси биле вратени во Белград. Токму Брионите, последниве години се омилено пристаниште за руските "секс наутичари" кои буквално не се ни симнуваат од јахтите, бидејќи немаат време од бројните нарачки за ескорт услуги од висока класа.

Цените се различни во зависност од услугата, но во ниту еден случај "еднодневен закуп за комплетен сервис" не е поевтин од 500 евра. Но, има и потврдени примери дека една екстра ескорт девојка за викенд помината на јахта со богат странски клиент заработила и 4.000 евра.

Колку од тие пари зема макрото, зависи од нивниот договор, но по некои непишано правило делат по половина. Најголемите побарувачи на секс услуги се Русите и Унгарците кои воглавно работат само со неколку доверливи агенции од Загреб. Девојките со авион доаѓаат до Пула или Крк од каде со луксузни лумузини ги возат до договорената марина.

Кога ќе дојдат на јахта, тие имаат статус на гостинка, каде без проблем остануваат по десетина дена, крстосувајќи со домаќинот низ целиот Јадран. Во вакви случаи, каде се престојува повеќе денови, цената на комплетна услуга е 500 евра на ден. Што значи дека за десетина дена, една ескорт дама заработува 5.000 евра. Има и такви богаташи кои девојките ги користат, само да бидат видени во некоја марина, како убава девојка ги мачка со крема кога се сончаат на прамецот на нивната јахта.

Најчитани вести