По апсењето ви Јужна Африка Добросав Гавриќ (43), осуден на 35 години за убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан (48) најверојатно ќе биде сместен во затворот Забела, каде што Милорад Улемек Легија (51) и членовите на кланот „Земун“ се веќе затворени по екстрадицијата од Јужна Африка.

Драган Гариќ по апсењето ќе биде префрлен од еден од најдобро чуваните затвори во Република Јужна Африка во затворот Забела во Србија и неговиот најпознат дел, наречен „Алкатраз“, во кој се затворени организаторите на убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Легија и Звездан Јовановиќ (54).

Неговата екстрадиција во Србија, од која избега во 2006 година, ќе биде чувана во тајност и спроведена со помош на специјалните сили, како заради неговата безбедност, така и заради опасноста да избега.

Тој ќе биде сместен во седмиот павилјон на Забела, наречен „Алкатраз“, под строг режим, заедно со Радомир Марковиќ, поранешен шеф на службата за државна безбедност и соучесникот на Гавриќ во убиството на Аркан, Драган Николиќ Гаги.

- „Алкатраз“ би било најдобро решение за Гавриќ, кој бегаше од правдата 14 години. Сепак, таму е Легија, пријател на Аркан и војник, па затоа треба да се преземат посебни мерки и треба да се внимава да не дојдат во контакт. Во седмиот павилјон е веќе Раде Марковиќ, шеф на ДБ за времето на Слободан Милошевиќ, под чие владеење беше убиен Аркан. Внатре се најозлогласените членови на Земунскиот клан. Гавриќ најверојатно ќе биде сместен во посебна ќелија со цимер кој нема никакви допирни точи со Аркан - вели правник.

Ако се процени дека ризикот на Гавриќ е преголем, тој би можел да издржува казната во затворот Нова Скела во Панчево. Екстрадицијата на Гавриќ е веќе завршена работа, и само чека да се добие потпис од Роналд Ламол, министер за правда на Јужна Африка.

 

Најчитани вести