За сите љубители на кинеската кујна овој рецепт е идеален за неделен ручек.

Потребни состојки:

  • половина главица зелка, исечкана на ленти
  • 1 главица кромид, исечкан на полумесечинки
  • 2 моркова, изрендани
  • 1 мала главица брокула, расцветана
  • 1 мало парче ѓумбир, излупено и изрендано
  • 1 парче пилешки гради, исечкано на долгнавести парчиња
  • 300 г нудли (кинески тестенини), сварени
  • 1 лажица масло од сусам
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица ворчестер сос
  • 2 лажици кечап
  • 1 лажица шеќер

Начин на приготвување: Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете го ѓумбирот да се пропржи многу кратко, 30 секунди. Потоа, ставете го пилешкото и пржете го околу 5-8 минути. За тоа време сварете ги нудлите. Потоа, додадете ги зелката, морковот, брокулата, ставете малку вода и динстајте додека да омекнат сите зеленчуци. Повремено мешајте. Кога зеленчукот ќе биде мек, додадете ги нудлите и соја сосот, маслото од сусам, ворчестер сосот и зачинете со бибер и шеќер.Измешајте убаво и оставете малку да се спојат сите состојки.

Најчитани вести