Александар Лексо Саичиќ живеел кон крајот на 19 век. Од неговиот живот е забележана неверојатна приказна како го победил самурајот во двобој.

Од каде самурај во приказната за Црногорец?

На почетокот на неговата кариера, Александар Саичиќ бил аѓутант на бригадата на Васојевиќ. Сепак, Балканот наскоро му станал мал. Најпрво заминал во Истанбул, потоа во Манџурија, каде се приклучил на руската војска и го доби рангот поручник. Таму бил фатен во Руско-јапонската војна од 1904 година.

Александар Саичиќ добил можност да се докаже уште еднаш на крајот на војната во далечната Манџурија. Таму го дочекала веста дека јапонскиот император бара некој да излезе на мегдан со познатиот и непобедлив самурај.

Руските генерали биле во шок. Тоа било сепак 20 век. Дали некој друг сеуште ја почитувал таа одамна заборавена и, се сметало, надмина традиција? Сепак, да се одбие барањето, ќе биде да се признае пораз. И повторно, кој да се испрати на двобој против искусен и надмоќен во мечување самурај?

Така се случило, што командантот на руската армија барал волонтер кој ќе излезе на црта со јапонскиот борец. Александар Лексо Саичиќ се запишал меѓу првите. Тој добил дозвола и, пред очите на големата империјална војска, излегол на бојното поле.

Двобој од бајки

Приказните од очевидци велат дека двобојот бил силен и скоро нереален за гледање. И двајцата борци молњевито се нафрлувале еден на друг, дочекувале удари и наизменично ги одбивале. Борбата на самурајот и црногорецот била борба на два начина на војување, судир на две традиции што се гледа само денес во историските филмови.

Во еден момент, самурајот му го засекол лицето на Александар Саичиќ. Мислејќи дека со Црногорецот завршил, јапонскиот борец тргнал во отворен напад. Во тој момент, Саичиќ се извлекол, замавнал со мечот и го исекол на смрт самурајот.

Напуштајќи го бојното поле, Александар Саичиќ му оддал почит на паднатиот борец, поклонувајќи се пред неговото тело.

Неговата победа предизвикала голем морален пораз на јапонската армија, која напнато го гледала мегданот.

Од другата страна, Саичиќ бил пречекан како голем херој, а општо славење и радост следувало во рамките на руската армија.

Самураи од крајот на 19 век

Што се случило со Александар Саичиќ?

Честитки за победата тогаш на Саичиќ му доаѓале од сите руски генерали, но и од Адмиралот на јапонската флота Того, кој бил воодушевен од вештината и витештвото на црногорскиот херој.

Сабја со која Александар Леко Саичиќ го совлада самурајот, денес се чува во Воениот музеј во Москва, пишува Историски забавник. 

По руско-јапонската војна, во која иронично, Русија беше поразена, Александар Леко Саичиќ се вратил во родната Црна Гора и во воената служба.

Тој починал во 1911 година како последица на скок од вториот кат на запалениот кралски двор во Цетиње. Приказната вели дека ја спасувал богатата ризница што била таму. Тој бил витез, борец и херој до крај.

Најчитани вести