Поранешниот Премиер, и претседател на СДСМ, Зоран Заев го најави поразот на престојните предвремени парламентарни избори.

Во вечерашното интервју за “Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија, на констатацијата на новинарот дека неговиот грчки колега, Ципрас ги изгубил изборите меѓу другото и поради Преспанскиот договор, Заев рече дека уште во Давос кога го постигнале, заклучиле дека политички ќе угинат.

  • Кога го постигнав договорот со Ципрас, а го постигнав во суштината уште во Давос, ние заклучивме дека веројатно политички ќе угинеме и двајцата. Зарем повредна е нашата политичка кариера и иднина од иднината на младите, на децата, на идните генерации, рече Заев во интервјуто.

Заев потенцираше дека воопшто око не му трепнало кога го менувал името.

Најчитани вести