Состојки:

• 4 кременадли без коски

• 2 jajца

• 2 лажици млеко

• 100 гр. павлака

• 2 чешниња лук

• сол

• бибер

• брашно,

• презла

Подготовка:

1. Кременедлите добро исчукајте ги и посолете. Изматете ги јајцата со млеко, месото побрашнетего, ставете ги во јајцата со млеко а потоа во презлата.

2. Шницлите малку потпржете ги во тава со масло од двете страни да поруменат, потоа ставете ги во огноотпорен сад. Во остатокот од јајцата додадете го лукот згмечен, зачини, павлака и прелејте ги кременадлите.

Се ставаат во загреана рерна и се печат кусо време односно додека не добјат убава запечена кора.

Најчитани вести