Предминатиот викенд, на крајот од јануари 2020 година, по семејна расправија која се случила во петок попладне, Благоја Мехаџиски Зегин дочекал празни простории кога стигнал на работа во понеделник, дознава Вечер.мк.

Имено, тој викенд, неговите ќерки, по сериозна расправија (со навреди) упатени од негова страна за менаџирањето на компанијата, кадровските решенија и наметнати одлуки, го иселиле целиот бизнис во нови простории во центарот на Скопје. Со сите вработени, со целиот систем.

Основачот на веледрогеријата „Зегин“ Благој Механџиски во ноември 2014 година изјави дека веќе не е нејзин сопственик. Тој тогаш потврди дека е направена промена во сопственичката структура на компанијата.

Двете ќерки со години се посветуваат на бизнисот да прогресира, и по семејната расправија решиле да му олеснат и да го пензионираат, таткото Благоја Зегин. Тој во изминатите денови, според нашите неофицијални информации, бара купци за имотот што е останат на негово име. Тој се брои во неколку објекти од аптеките.

Засега, немаме официјална потврда на оваа информација од компанијата Зегин, која е во целосна сопственост на неговите наследници.

Основачот на веледрогеријата „Зегин“ Благој Механџиски во ноември 2014 година изјави дека веќе не е нејзин сопственик. Тој тогаш потврди дека е направена промена во сопственичката структура на компанијата.

„Точно е дека јас не сум веќе сопственик на веледрогеријата, му ја префрлив на мојот внук од сестра, фармаколог кој има завршено во Америка и е успешен во неговата работа во Германија. Аптеките „Зегин“ им ги префрлив на двете ќерки кои се дипломирани фармацевти а јас сум почесен претседател и работам на формирање нова компанија која ќе отвори ланец продавници за здрава храна во Македонија“, потврди Механџиски за Либертас во ноември 2014 година.

Како причина за ваквиот потег Зегин тогаш го наведе новиот Закон за лекови, според кој сопственици на веледрогерии не можат да поседуваат и аптеки. Токму заради ова решение тогаш е извршена промена во сопственичката структура и на други компании што во својот состав имаат и веледрогерија и аптеки.

Токму ова решение во законот беше меѓу оние на кои имаа забелешки фармацевтите пред донесувањето на законот. Решението сепак помина и сега сопственик на веледрогерија не смее да поседува и аптека.

Основните активности на веледрогеријата Зегин вклучуваат внатрешна и надворешна трговија со лекови, медицински помагала, диететски и други производи. Компанијата контролира пазарен удел од речиси 60% и соработува со 400 аптеки низ Македонија, клинички центри и општи болници. Во својот синџир има 80 аптеки, како и една поликлиника.    

Најчитани вести