Ви се чини дека другите се поуспешни од вас поради среќа или одреден сплет на околности? Па, и не мора секогаш да биде така. Иако, секако, никој од нив не успеал на потполно идентичен начин, сепак богатите и успешни луѓе често имаат многу слични животни навики.

Порталот „Bright Side“ направи список од десет работи кои ги прават богатите луѓе, а можеби токму во некои од нив лежи клучот за нивниот успех.

Помалку зборувајте, повеќе слушајте

„Нема смисла да вработите паметни луѓе за да им кажете што да работат, ние вработуваме паметни луѓе за тие да ни кажат што да работиме“, рече во една прилика Стив Џобс.

Излезете од канцеларијата

Секако, никој не мисли дека можете целосно да ја напуштите канцеларијата, но би било добро некои од секојдневните обврски да ги вршите надвор од неа. Едноставно не можете да научите се, да дознаете или да запознаете нови работи, седејќи постојано зад вашата работна маса.

Паметно ги одбирајте пријателите

Понекогаш, токму луѓето околу нас се оние кои не спречуваат на патот кон евентуалниот успех. Иако ова може да биде тешко, важно е правилно да ги процените пријателствата кои ги одржувате. Едноставно, понекогаш морате да се запрашате дали се тоа вистинските пријателства кои ве поттикнуваат да бидете подобра личност, или токсични познанства кои ви носат само негативна енергија? Ако станува збор за пријателства кои не влијаат добро врз вас, во тој случај најдобро е да се оддалечите од таквите „пријатели“.

Морате да знаете кога треба да запрете

Работењето од наутро, па се до доцните вечерни часови, дефинитивно не е решение. Многу е важно да го одделите своето работно време од приватното и да си најдете време за себеси. Нема ништо да постигнете ако целото време го поминувате на работа.

Секогаш учете од почеток

Светот околу нас постојано се менува и навистина е важно да останете во тек со времето. Ова значи дека никогаш не смеете да престанете да учите за нови работи, технологии, настани и слично.

Обезбедите си пасивен приход

Немојте сите пари да ги трошите на материјални работи, облека и слично. Парите нека работат за вас. Богатите луѓе обично имаат постојани извори на пасивни приходи, без разлика дали станува збор за паметни инвестиции, изнајмување на недвижности или слични работи. Ако ви се чини дека не можете да остварите пасивни приходи, обидете се барем редовно да си одделувате пари на страна, односно да штедите.

Ценете го своето време

Колку време дневно трошите пред екран или во прелистување за тоа што има ново на социјалните мрежи? Многу е подобро тоа време да го искористите за личен развој на кој било начин – вежбајте, запишете некој курс за странски јазик и слично.

Читајте секојдневно

Според истражувањата на Том Корли, кој резултатите ги напиша во својата книга „Навиките на богатите луѓе“, богатите луѓе многу повеќе читаат отколку што гледаат телевизија. Тој тврди дека 88 отсто од моќните луѓе во светот, читаат барем половина час дневно.

Ставете се себеси на прво место

Водете сметка за своето психичко и физичко здравје. Вежбајте, спортувајте или поминувајте повеќе време со луѓето кои ги сакате. Правете го она што ве прави опуштени и среќни. Не дозволувајте грижите и работата да ве прегазат.

Имајте планер

Без разлика дали станува збор за дневник или апликација на мобилниот телефон, секогаш запишувајте ги своите мисли, идеи, па дури и соништа. На тој начин ќе ги ослободите своите мисли, па на некој начин ќе си ја испразните главата и ќе можете да се фокусирате на идните случувања, а воедно ќе бидете сигурни дека не сте заборавиле ништо од претходно.

Најчитани вести