Најбогатите 500 луѓе на планетата го зголемија својот капитал во текот на 2019 година за уште 1.000 милијарди долари или четори пати повеќе отколку во 2017 година што е, според Блумберг, фантастичен раст на заработката и капиталот од 23% за само две години!, Сега нивниот заеднички капитал достигна вкупна вредност од 5,8 трилиони долари, односно 5.800 милијарди, или во просек скоро 11 милијарди долари по глава на некој од 500-те најбогати во светот за 2017 година.

Растот на нивното богатство минатата година за речиси четири пати го надмина растот на БДП на Германија, која е светски симбол за силно и потентно стопанство. Најголем раст на заработка од околу 32 проценти е забележан кај високите технолигии, и дури 57 врвни милијардери од најголемите 500 се од технолошката област.

Најголема заработка, освен кај високите технологии, се остварила на берзите на капитал. Доказот дека економската криза само го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните го илустрира податокот дека светските богаташи од 2009 година до денес речиси двојно го зголемија имотот, како што покажува Блумберговиот индекс на милионери.

Најуспешен во зголемувањето на богатството лани беше забележано кај Џеф Безос, сопственикот на Амазон кој сега тежи над 120 милијарди долари, а само во 2019 година заработил 30 милијарди долари, или една четвртина од неговот вкупно богатство го заработил за само година дена. Ништо полош не е ни доминантниот сопственик н Фејсбук, Марк Закерберг кој е петти на листата топ 500 со богатство од 23 милијарди долари но, 40% од тие пари се заработени - за само две години!

Најголем број милијардери живеат во САД, ги има 217 во топ 500, и тие заедно имаат над 3.000 милијарди, или скоро 60% од богаството на најбогатите 500. Само минатата година милијардерите од САД заработиле 320 милијарди долари.

Веднаш зад нив се кинеските милијардери предводени од Џек Ма, сопственикот на Алибаба, кои ги има дури 38 во 500-те најбогати но со огромна заработка од 177 милијарди долари во текот на минатата година, а по нив се милијардерите од Индија со ланска заработка од 43 милијарди долари. Џек Ма, поранешен наставник по англиски јазик, во 1999 година го започна трговскиот онлајн бизнис од дома и за 15 години стана најбогатиот Азиец.

Секако, има и губитници. Од топ 500 загуба покажале 47 милијардри кои по 2017-та се посиромашни за 58 милијарди долари.

Интересни се и оние кои излегуваат од моделот на збогатување преку берза или високи технологии, а се во самиот врв на набогатите. Американскиот инвеститор Ворен Бафет, патем и филантроп, е долго беше вториот или третиот најбогат човек во светот, кој го зголеми богатството на 74,5 милијарди долари или за цели 22 проценти во текот на 2014 година, што е повеќе од двојно во однос на 2009 година. Деловниот модел на Бафет е многу едноставен – тој купувал инфраструктурни, прехранбени и медиумски фирми во кои немилосрдно ги намалувал трошоците на сметка и на бенефиции на работниците, со што енормно го зголеми профитот и својот личен имот.

Радикалниот капитализам, на кој Бафет е само еден од најсилните примери, ја уништува средната класа за интерес на малубројната елита и ги зголемува разликите помеѓу богатите и сиромашните што неминовно води кон тензии во општествата, а и во светот со кој потоа, откако радикалните капиталисти лично ќе се збогатат, цената на нивното богатство ја плаќаат граѓаните, владите кои се соочуваат со тензиите и малите фирми кои пропаѓаат и отпуштаат работници.

Уште еден показател дека либералниот капитализам само ја зголеми брзината на возењето во погрешна насока е фактот дека со континуираното вбризгување свежи пари во финансиските текови светските централни банки последните години му дадоа клучна поткрепа на зголемувањето на богатството на мултимилијардерите на сметка на работниците.

 Но, што ќе биде со оние чиишто плати беа кратени за да можат фирмите да остварат уште поголем профит за интерес на и онака пребогатите газди?

Извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) изнесува податоци за раст на нееднаквоста, па според него 10 проценти од најбогатите во светот заработуваат во просек 10 пати повеќе од 10 отсто од најсиромашните. За споредба, пред 30 години оваа разлика беше седум наспрема еден. Во САД, Израел, Турција и Грција разликата е 13 до 16 наспрема еден, во Мексико 27, а во чиле дури 30 наспрема еден.

Изразената социјална нееднаквост истовремено го загрозува и економскиот раст.

Поразувачки се податоците на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) на ОН, кои го покажуваат несразмерот меѓу растот на продуктивноста на трудот во 21 век наспрема незначителниот раст, стагнацијата или снижувањето на работничките плати во најразвиените светски економии. Реалните плати во најразвиените светски економии паднаа под нивото од 2007 година, што во комбинација со масовните отпуштања на работниците создава многу негативен потенцијал.

Тоа значи дека работниците и нивните домаќинства добиваат сѐ помал дел од националниот доход, додека делот кој оди кај капиталистите се зголемува, а резултат на тоа е сѐ поголемата разлика меѓу класите.

Според податоците на студијата на германскиот Институт за економски истражувања и Берлинскиот слободен универзитет нееднаквоста во приходите во текот на животот на родените во Германија меѓу 1939 и 1972 г. е удвоена.

Тоа значи дека во последните десетлетија минималните плати се снижиле, а максималните се зголемиле и дека на вработените со ниски и средни плати исклучително им е тешко да да дојдат до покачување на платата.

Студијата укажува на еден непознат феномен – осиромашувањето на пензионерите, изнесувајќи податок дека околу половина милион Германци во 2017 побарале социјална помош од државата за да можат да ги подмират основните потреби, а старосната сиромаштија е карактеристична за големите германски градови Хамбург, Бремен и Берлин.

ИЛО исто така го наведува податокот дека во светот има 200 милиони невработени лица и предвидува дека во наредната декада уште 400 милиони ќе се најдат на пазарот на трдот, а тоа би можело да води кон уште поголемо намалување на платите и кон поголема експлоатација на работниците.

Зашто зголемувањето на разликите во потенцијалот меѓу најбогатите кои претставуваат само дел од промил од светската популација и растечката популација на сиромашни, не може да оди во бесконечност.

Веќе постои голем притисок и прашање на време е до кога постоечкиот економски систем ќе може да го издржи порастот на невработеноста и сиромаштијата, кои во контекст на глобалните геополитички кризи добиваат историски опасна димензија, а таквата запалива смеса може да предизвика пожар кој веќе никој нема да може да го контролира.   (Vecer.mk)

Најчитани вести