Земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди областа помеѓу Куба и Јамајка на Карибите, соопшти Евро-медитеранскиот институт.

Силен земјотрес беше почувствуван околу 21:10 часот по локално време.

Засега нема информации за жртви и штети.

По земјотресот, издадено е предупредување за цунами за Куба, Јамајка и Кајманските острови.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 122 километри северно од градот Лусија на Јамајка, на длабочина од 10 километри.

Најчитани вести