Состојки:

600гр. шницли (свински, телешки, пилешки)

1 лажиче сол

1 лажиче мелен бибер

1 лажиче зачин од билки

2 лажичиња сенф,

1 главица кромид

200 гр. млеко

200 гр. кисела павлака 

1 и половина лажица брашно

масло за пржење на шницлите

 

Тенко исечените шницли полека излупајте ги со чекан за месо. Зачинете ги и премачкајте ги со 1 лажиче сенф и оставете ги да отстојат околу половина час. Потоа пржете ги на средна температура на ринга додека не поруменат. Додадете го ситно сецканиот кромид  кој се потпржува а потоа  додадете малку вода. Оставете ги да крчкаат околу 45 минути со повремено додавање вода, додека шницлите не омекнат.

Во меѓувреме брашното измешајте го со млекото, додадете павлака, 1 лажиче сенф, малку сол и бибер, сето тоа добро соединето.

Готовите шницли се вадат од садот во кој се пржеашницлите а на нивно место се додава смесата од брашно, млеко и павлака и мешајте ја смесата додека не почне да врие. Потоа се додаваат шницлите во смеса, заедно се готват околу 1-2 минути.

Јадењето се служи топло со додаток на салата по сопствен избор.

1
loading...

Најчитани вести