Skip to main content
x

26 Jan 2020 - 22:45
sportmedia
Статија

Кошаркарите на Хјустон и Денвер доживеаја шок како и целиот спортски свет по трагичната смрт на НБА легендата, Коби Брајант, но разликата е што тоа им се случи за време на загревањето за меѓусебниот дуел.

Плачеа и кошаркарите, и публиката,сите во “Пепси” центарот, челниците на НБА лигата размислуваа да го одложат натпреварот, но на крајот одлучија истиот да биде одигран.

Двата тима почекаа да минат првите 24 секунди на семафорот пред да почнат да играат и на тој начин му оддадоа почит на Брајант.

Истата слика беше и на стартот на дуелот меѓу Сан Антонио и Торонто.

Според информациите од американските медиуми, останатите натпревари најверојатно ќе бидат одложени, но тоа не е официјално потврдено.

sportmedia.mk

Најчитани вести