Светот плаче за Коби Брајант.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, загина на 42-годишна возраст во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Луѓето од целиот свет се збогуваат со една од најголемите легенди во историјата на кошарката.

Брајант беше активен на социјалните мрежи, а последното нешто што го објави беше честитка до Леброн Џејмс, кој синоќа го помина третото место на Брајант на вечната листа на стрелците во НБА.

Брајант му порача на Леброн да го нападне второто место и да продолжи да напредува.

Тоа беше негов последен напис и тој покажа каква човечка величина беше. Без никаква завист тој му честиташе на Џејмс.

Најчитани вести