Дел од затворската поезија и припаѓа и на Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ банката. На неа и припаѓаат последните страници од овој број на весникот. Раскажува за љубовта, за хуманоста, за пријателството, за скромноста, за тагата и зборува во име на жените осуденички, објави mkd.мк

Преку гласот на осудените жени Николовска пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

„Ние сме на оваа страна од решетката. Сите други се од другата страна. Сонцето изгрева и за нас и за нив, а радоста и тагата се исти за сите. Овде нема националност, образование, возраст. Сите сме во маката и надежта заедно. Се караме, се расправаме за минорни работи за надвор, а за овде големи, што е нормална работа. Сепак сме вплотени и во радоста и во тагата и кога се слави роденден и друга фамилијарна веселба, и кога има жалосни моменти, кога има болести па дури и смрт на близок член од фамилијата. Заедно се прославува и Велигден и Бајрам. И сите чистиме и сме почастени, а собите наместени со јадење и пиење, па и поскромно да е, за нас се величествени и ние се чувствуваме и однесуваме како да сме во ресторан, со дозволената музика, понекогаш и погласно се заигрува и орце и чочек и тоа е еднаквоста и заедништвото во маката и преголемата надеж за подобро утре“, пишува Николовска во својата поезија.

Затворот, вели најголемата измамничка асоцира на лоши работи, а најважно на изгубената слобода, но додава дека и зад решетки постои љубов и другарство.

Најчитани вести