Skip to main content
x

24 Jan 2020 - 23:15
sportmedia
Статија

Дербито на 21. коло во Евролигата меѓу Реал Мадрид и Анадолу Ефес заврши со победа на гостите кои славеа со 75-80. Турскиот тим продолжи во триумфален ритам, дојде до 16-та победа во низа и се зацврсти на првото места на табелата со 39 бода, шест повеќе од „кралевите“.

Шејн Ларкин со 32 поени беше прв стрелец, зад него со 13 поени беше Тибор Плеис. Во редовите на Реал Мадрид Томпкинс имаше 15 поени, два помалку запиша Серхио Љуљ.

Ова беше доста изедначен натпревар, кој Анадолу Ефес го доби благодарение на подобрата игра во второто полувреме, во кое ја имаше целосната контрола.

Резултати: Фенербахче – Милано 73-64, Жалгирис – Алба Берлин 104-80, Панатинаикос – Лион 100-88, Реал Мадрид – Анадолу 75-80.

sportmedia.mk

Најчитани вести