Skip to main content
x

24 Jan 2020 - 14:35
sportmedia
Статија

Најскапиот голман во историјата на фудбалот Кепа Арисабалага од Челзи го допре дното, откако се покажа дека е со најслаби показатели од сите свои конкуренти во англиската Премиер лига. Челзи за Шпанецот плати 71 милион фунти летото 2018 година за да го донесе од Атлетик Билбао, но оваа сезона Кепа заборави да брани. Тој е на последното место во категоријата спасени удари и во категоријата спасени удари во шеснаесетникот.

А во двете категории води чуварот на мрежата на Ливерпул Алисон Бекер.

Процентот на спасени удари на Кепа е едвај 55,56% со кое го зазема 20-тото место, а како споредба претпоследниот во ова класификација Џордан Пикфорд од Евертон има 63,54%.

Арисабалага паѓа до 50% при спасени удари во казнениот простор, а претпоследниот Ник Поуп од Барнли е со 57,89%. Овие податоци покажуваат голем пад на формата на шпанскиот голман.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести