Skip to main content
x

24 Jan 2020 - 14:15
sportmedia
Статија
 

Олимпискиот шампион во Супер-Џи од Сочи 2014 и традиционалниот фаворит за висок пласман во Светскиот куп Кјетил Јансруд се врати со блесок на најлегендарната писта во Светскиот Куп во алпски дисциплини – „Шрајф“ во австрискиот зимски центар Кицбил.

Норвежанецот иако не се наоѓаше во најдобрата форма од почетокот на сезоната, успеа да го покори „Шрајф“ со време 1:14.61 минута и да ја победи конкуренцијата. Тоа е негова 13-та победа во Супер Џи во кариерата, а само Аксел Лунд Свиндал (17) и Херман Мајер (24) можат да се пофалат со повеќе победи.

Како дополнување Јансруд втор пат е господар на „Шрајф“ откако ја покори и во 2015 година во спустот.

Второ место го поделија Норвежанецот Александер Килде и Австриецот Матијас Мајер кои завршиај со задоцнување од 16 стотинки.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести