Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера (22 јануари) од 10 до 15 часот, спровела локална сообраќајно-контролна акција. Во акцијата биле откриени 114 возила со непрописно затемнети стакла, од кои на 106 возила возачите сами ги отстраниле фолиите, додека 8 не го сториле тоа и ќе се соочат со соодветни законски предвидени санкции. При контролата, исто така, откриени се 5 возила со истечена регистрација, исто толку лица ги управувале возилата без положен возачки испит, 2 возачи користеле мобилен телефон, 6 возила биле непрописно паркирани и други видови прекршоци. Сите прекршители законски сe санкционирани со исклучување од сообраќај и со изготвување на поднесоци, зависно од видот и карактерот на констатираните прекршоци.

Најчитани вести