Новата продавница на ИКЕА сместена на виенската станица Вестбанхоф се разликува од другите нејзини продавници. Таа не само што има еколошка фасада и покрив, туку нема да има простор за паркирање.

Овој иновативен концепт е насочен кон урбаниот клиент и исто така укажува на одличниот систем за јавен транспорт во Виена, пренесува сајтот „My modern met“.

IKEA Vestbanhof ќе го опфати целиот спектар на производи што клиентите ги очекуваат, но има и една новина, имено поголемите парчиња мебел ќе бидат доставени на адресата во рок од 24 часа. Тоа е нов начин на купување кој обезбедува удобност и практичност.

Неконвенционалниот дизајн на зградата е заеднички напор на архитектите на едно виенско студио и архитектите на ИКЕА. Целта била да се создаде неформален простор за целата заедница да ужива. Зелениот покрив ќе биде отворен за јавноста дури и по работните часови на ИКЕА.

Покрај зеленилото, ќе има кафуле во областа, објави Klix.ba.

извор: Makfax

Најчитани вести