Сонцето овде грее потопло од каде и да е, небото ја има најубавата сина боја... А ако застанете на највисоката точка на овој планински масив, Панчиќев врв, имате чувство дека го гушкате светот... Навечер, под услов да е ведро, се чини, дека ѕвездите можете да ги ставите в џеб... Копаоник е место совршено за романтика! Онаа снежната, оти овде се е бело и тоа од ноември до мај...

 

Копаоник е најголемиот ски центар во соседството – во тоа нема дилема; нема ниту во фактот дека таму има буквално се, за сечиј вкус. Одлични услови за љубителите на зимските спортови, недопрена природа за оние кои спаѓаат во категоријата ’уживатели во природата’, но и за оние другите – оние кои повеќе сакаат да уживаат во добро кафе, топол чај, вкусна храна или можеби чашка греана ракија или вкусно варено вино во некој од тамошните угостителски објекти. Совршено место за терање и денска и вечерна шема. Со своите речиси двесте сончеви дена во годината сосема со право го заслужува и името Сончева планина, на која снег има од крајот на ноември до мај, или некаде во просек по 159 дена годишно.

 

 

Копаоник, е најголемиот планински масив во соседството, па сосема заслужено се нарекува и „кровот на Србија“. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Највисоката точка е Панчиќев Врв (2.017 м). Во средиштето на венецот е отворен и националниот парк со површина од 118,1 квадрати километри, а како таков постои од 1981 година. На просторот на Рамен Копаоник на надморска височина од околу 1780 м, пак, е сместено средиштето на неговиот туристички центар. Најголемите сместувачки капацитети се наоѓаат токму во овој дел и се погодни буквално за сечиј џеб. Тука се и придружните содржини, па затоа Копаоник ја наракуваат планина за забава на снег, но, исто така, и забава на оние на кои спортот не им е приоритет. Највисокиот врв или Панчиќев врв бил последната желба на најголемиот српски вљубеник во природата Јосиф Панчиќ, кој сакал гробот да му биде токму таму.

 

 

СКИ ПОНУДА

 

Како најголем ски центар во соседството со одлично подготвени патеки овозможува неизмерно уживање на сите категории скијачи, од почетници до оние со врвни способности. Се простира на околу 62 км патеки, кои овозможуваат уживање во овој спорт како во текот на денот така и во вечерните часови. Постои и „ски градинка“ за оние кои ги прават првите чекори на скии. Со систем за вештачко оснежување се покриени 97 отсто од скијалиштето, односно патеките Караман А и Б, Панчиќев врв, Дубока 1 и 2, Сончева долина, Мало језеро, Крст, Крчмар, Кнежевске баре, Мали Караман, Марине воде, Караман..., па токму благодарение на овој систем сезоната на скијање трае подолго, а сите скијачи можат да бидат сигурни дека ќе уживаат во одлично подготвени патеки. Сите патеки се поврзани со систем на жичари и ски лифтови, со капацитет од преку 34 000 скијачи на час.

 

Хотелот Горски е отворен пред еден месец, но тоа не го прави помалку атрактивен. Напротив!

 

На патеките оваа зима во просек скијаат повеќе од 7000 скијачи дневно, а најголема гужва се очекува токму викендов кога се слави празникот Сретење. Со оглед на тоа дека во соседството се уште трае и зимскиот распуст, хотелските капациетите се, исто така, пополнети. Посебно внимание привлекува токму најновиот објект Горски хотел & спа.

 

„Врвно изградениот објект во непосредна близна на ски патеката Мало језеро, совршено е вклопен во планинскиот амбиент, а резултатите од работата во првиот месец се неверојатни. Пополнетоста е преку 80 проценти, а позитивните коментари на гостите се доволен показател за успешен старт на моментално најдобриот хотел на Копаоник, покрај веќе добро познатиот Гранд хотел & спа“, вели Светлана Костиќ, директор на маркетинг на MK Mountain Resort.

 

Хотелот Горски е вистинско архитектонско ремек-дело, а го карактеризираат врвни природни материјали. Неговата најголема предност е ексклузивната локација за ski in и ski out, со фасцинантен поглед буквално од секој агол. Располага со сите содржини потребни за квалитетен одмор, а масовните камини само ја надополнуваат зимската идила која овде ја има во изобилство. До крајот на сезоната во него ќе биде актуелен т.е.opening попуст, како и бројните пакети кои MK Resort ги подготви за овој и следниот месец за која е закажано четвртото издание на Music Week 04.

 



MUSIC WEEK 04

 

Спој на музика, скијање, уживање во најдобрите хотели во најпознатиот регионален ски центар – така накусо може да се опише Music Week фестивал, кој на Копаоник се одржува четврта година по ред. Создаден е во соработка меѓу продукцијата Sky Music и MK Mountain ресортот, Music Week секоја зима на Копаоник ги собира најдобрите домашни и регионални музички ѕвезди, како и љубителите на добрата забава.

 

За време на двата викенда во март, од 7 до 10, како и од 14 до 17 март, гостите на хотелскиот комплекс  MK Mountain ресортот ќе имаат прилика да уживаат во ексклузивната музичка програма во рамки на цената на сместувањето.

 

Во интимниот простор на свечената сала на хотелот Гранд, во кој бројот на места е ограничен, во рамки на првиот викенд на Music Week фестивалот ќе настапат Аца Лукас и Магла бенд (8 март) додека следниот ден концерти ќе одржат Жељко Јоксимовиќ и Милица Павловиќ.

 

Вториот викенд на Music Week фестивалот е резервиран за Парни ваљак и Тропико бенд (15 март), додека следниот ден ќе настапат Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ.

 

Music Week фестивалот веќе стана и омилено место за сите оние кои живеат динамично, во текот на денот сакаат да се бават со спрорт и релаксирање, а навечер очекуваат врвна забава. Од година во година Music Week собира се поголем број посетители, а минатата година фестивалот го посетија повеќе од 10 000 луѓе. 



 

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

 

Копаоник е најголемиот планински масив и најпознатиот ски центар во Србија со патеки за алпско и нордиско скијање. Со 7 црни, 12 црвени и 20 сини траки, е идеален ски центар за сите скијачи.

Надморска висина: 1650m - 2017m
Скипас Копаоник: 63km .

Карактеристики на ски центарот Копаоник

Висина на центарот – 1.770 m
Највисок врв – 2.017 m
Вкупна должина на ски патеки - 62 000 m
Број на жичари, ски лифтови и поврзувачки ски лифтови – 24
Број на лесни патеки – 21
Брј на средни патеки - 9
Број на тешки патеки – 6
Максимална висинска разлика – 512 m
Најдолга патека – 3.500 m
Должина на ноќните патеки – 450 m
Нордиски патеки – 12 km

Три патеки по FIS стандардот за слалом, велеслалом, супер велеслалом и спуст. 

 

Фото. Андреј Нихил/Вечер.мк

3
loading...

Најчитани вести