Работник од Тетово претпладнево се здобил со тешки телесни повреди, откако голема машина паднала врз него.

Млад работник од Тетово, претпладнево е тешко повреден при изведување на градежни работи во населбата Влае, откако врз него паднала машина тешка два тони, информираат од Ургентниот центар во Скопје за „Инфомакс“.

Младиот тетовец останал без двете нозе, кои биле смачкани под тежината на машината. Тој е хоспитализиран во Ургентниот центар на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

Најчитани вести