На социјалните мрежи се споделуваат слики од страшните услови, односно рушевини од тоалети во Основното училиште Александар Здравковски во Јегуновце.

Постот го пренесуваме во целост:

- Уште што ли треба да се случи за конечно власта да почне да се грижи за најзначајната категорија во оваа земја – учениците?!

Во сезоната на појавување на вируси и инфекции, наставниците и учениците од ООУ Александар Здравковски Јегуновце немаат каде да извршат физиолошки потреби и да ги измијат рацете, бидејќи нема тоалети и нема вода!

Зарем за основните животни потреби граѓаните треба да чекаат да се најават избори, па некој да се сети дека постојат и да изглуми дека се грижи за нив?!

И затоа што „Зборот е збор“, наставниците и вработените беа оставени на немилоста на власта и наместо да се фокусираат на наставата и да се натпреваруваат во знаења, тие се осудени во секој момент да внимаваат да не им се налепи некоја бактерија или недај беже, посериозна болест!

Овој ли е тој ваш успешен европски модел за квалитетно државно образование?

Ете затоа заминуваат младите!

А оној што треба, мора и што засекогаш ќе си замине е тотално неспособната власт предводена од СДС, која конечно заминува...на 12ти април!!!

Најчитани вести