Skip to main content
x

21 Jan 2020 - 17:45
sportmedia
Статија
 

Словенија е практично пред промоција во полуфиналист на Европското првенство, откако во последните 15-тина минути од мечот со Португалија во Малме дојдоа до значајна победа од 29:24 (14:15) и сега ќе чекаат разврска од другите дуели во групата два.

Но, додека го чекаат полуфиналето, она што е сигурно е дека обезбедија најмалку олимписки квалификации, што и не е така лошо во дебито на Љубомир Врањеш на селекторската позиција.

Португалија уште еднаш потврди зошто е најпријатното изненадување на ЕП. И пркосеше на Словенија 45 минути, имаше и гол предност на полувремето (15:14) и тоа благодарение на одличната дефанзивна линија, како и голманот Кинтана, кој мечот го заврши со 15 одбрани и во буквална смисла на зборот ги фрустрираше особено пикерите на Словенија.

Во второто полувреме гол за гол се играше до 21:21, по што Португалија влезе во серија на технички грешки, Ареја пропушти да реализира пенал во клучни моменти (заврши во пречката), додека на спротивната страна Доленец влезе во елемент и со серија од три гола го „скрши“ противникот.

Тој беше и клучниот фактор за серијата од 7-1 за Словенија и највисока предност, 27:22, со која ја најавија и победата.

sportmedia.mk

Најчитани вести