Министерот за здравство, Венко Филипче, и државниот секретар во ресорното министерство денеска беа во посета на Клиничката болница во Штип, каде одржаа работна средба со раководството во здравствената установа и заеднички беше направена обиколка низ реновираното посебно одделение за кардиологија кое се пушти во употреба кон крајот на 2019 година.

„Чест ми е што во континуитет ги подобруваме и зајакнуваме условите во Клиничката болница во Штип. Одделението за кардиологија е комплетно реновирано и опремено, како со медицинска опрема, така и со кадар. Со набавената опрема и со вработувањето на 54 здравствени работници. Со договор на дело ангажирани се 179 лица. Платите на здравствените работници значително ги зголемивме. 40% на лекарите специјалисти, 25% на општите лекари, до 23% на медицинските сестри и 15% на здравствените соработници. Ќе продолжиме да вложуваме и во платите, затоа што медицинскиот персонал заслужува достоинствени услови за работа“, потенцираше министерот Филипче.

Новото одделение е сместено на последниот кат од болницата. Во оваа јавно-здравствена установа месечно се ставаат од 40 до 50 стентови и се вршат од 100 до 120 коронографии.

извор: Makfax

Најчитани вести