Претставникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и од СДСМ Бојан Маричиќ денеска се сретнаа и разговараа по повод законот за јавно обвинителство.

На средбата како што дознава Курир станало збор за можните решенија и одглавувања на дијалогот за законот како и решение за јавното обвинителство.

Најавени беа предлози и забалешки од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои ги изработуваа стручни тимови по што се очекува и средба на работните групи кон крајот на оваа или наредната недела.

Како што напиша Курир, камен на сопнувања останува да биде неизбалансираното законско решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби.

Инаку средбата се одржа денеска во просториите на Правниот факултет во Скопје.

 

Најчитани вести