Училиштата во земјава повторно ги отворија вратите за учениците кои ова полугодие повторно ќе го започнат со недостиг на многу учебници. Пред извесно време од Министерството за образование информираа дека распределбата на учебниците ќе започне оваа недела, известува Алсат М

Но, вакви ветувања беа давани и во првите четири месеци од учебната година, меѓутоа скоро сите основни училишта во земјава првото полугодие го завршија со недостиг на дел од учебниците. Директорите велат дека сè уште не биле контактирани од Министерството за образование за да се надмине проблемот.

„Што се однесува до учебниците, во нашето училиште недостасуваат учебници, но засега немаме никаков допис или некаква информација за дистрибуцијата на учебниците кои се потребни во нашето училиште”, рече Теута Идризи – директор на О.У. „Лирија”.

Целиот текст на Алсат М

 

Најчитани вести