Белгија ѝ го испорача на Босна и Херцговина Адис Абаз, исламистот кој се поврзува со терористичките напади во Париз во 2015 година, пренесува српски „Курир“.

Екстрадицијата на Абаз за сараевски „Дневни аваз“ ја потврди неговиот адвокат Сенад Крехо, кој посочи дека неговиот клиент во неделата бил испорачан на барање на правосудството на БиХ, кое го товари за нелегална трговија со наркотици.

Зеничанецот Абаз беше ставен во притвор во Белгија минатата година по апсењето во Германија. Белгиските власти го сомничеа за вмешаност во продажбата на оружјето со кое исламските терористи во ноември 2015 година го нападнаа парискиот клуб „Батаклан“, извршувајќи масакр во кој загинаа повеќе од 130 лица, а 400 беа повредени.

„Абаз во Белгија е ослободен од сите обвиненија за поддршка на терористите и со продажбата на оружјето,“ рече Крехо.

Медиумите наведуваат дека Абаз е поврзан со меѓународниот шверцер на оружје Николас Грбеш, кој има хрватско и белгиско државјанство. Грбеш беше уаосен во Сараево во ноември 2018 година, а потоа екстрадиран во Белгија.

извор: Makfax

Најчитани вести