Две лица се пронајдени мртви во автомобил во Белград, пишува српски Телеграф. Автомобилот е лоциран на каллив пат во близина на Нова Пазова, меѓу грмушки и дрвја, а го пронашла полициска патрола утринава околу 9 часот. 

Постои сомнеж дека мажот (31) е припадник на полицијата и дека со бомба се разнел и себеси и едно женско лице. Неофицијално мажот е татко на две деца, а мотивите се љубовни. 

Истрагата е во тек. 

Најчитани вести