Кога новиот, технички министер за внатрешни Наќе Чулев, го назначи Ристо Ставревски за прв човек на скопската полиција од СДСМ рипнаа, не може бидејќи се спомнувал во телефонските разговори на СЈО! Бидејќи никогаш не ги слушнавме разговорите на функционери на СДСМ кои, ден денес, се кријат во рацете на Заев останува да веруваме дека само вмровците разговарале по мобилен а тие општеле со гулаби. А гулабите не зборат, барем засега. Ама, зборат видео снимките.

Деновиве слушнавме делови, само делови, од легално снимани разговори преку ПИ полициски мерки на Зоран Заев, градоначалник на неговата приватна Струмица во кои убаво, детално објаснува како примал по 100-200.000 евра поткуп од струмички бизнисмени на рака пошто така било најпрактично, иако можело и на трансакциска или кај баце Вице во менувачница.

“Работите треба да се завршат, тука да се завршат, мани ги тие скопјаните, тука да завршиме работа... ја сум за нив сељак од Струмица...“ везе друже Зоки и на запира. А зошто би запрел, на маса е кеш од 200.000 евра кој чека само потпис од него, градоначалникот. И после од кај се појавиле Боки 13 и Катица Јанева со таква дрчност и лакомост кон кеш. Имале добра школа од шефот. Откако СДСМ изгласа амнестиран лик за премиер, секоја нивна примедба за минато на било кој друг политичар е – празен муабет.

Тие, кои се толку гадливи на туѓите телефонски разговори не им смета што го слушаат Заев како бара и прима сериозни износи за поткуп. Не. Тоа им е нормално па ако им заврши работа и на нив, како да не чуле ништо од негова уста. Како во вицот со Бранко на времето после аферата ТАТ кога се сретнал со Бузле, Гештак и Јане Миљовски па им згрмел: или прекинете со корупција или вклучете ме и мене!

Така да не е дилема дали друже Зоки дефинитивно после изборите во април (ако бидат тогаш) заминува од политиката, тоа се гледа и од кулите на Џеваир. После се, економијата е на колена, правото во државата е лична своина на Заев и Ахмети, општ грабеж од возач до министер и премиер, подажба на име, јазик и историја – како вика Заев на снимката: Абе парите се битни, ебаму името ебаму...

Зад него остануваат само скандали, плантажи марихуана и корупција, и тукушто пред избори почнати првите два километри автопат, и тоа – кон Косово. Последнава објавена од порталот Вечер за проневера на 12,5 милиони евра во МВР за пасошите е – меѓународен скандал кој нема да заврши само тука.

Скопјани, од кои Заеви имаат длабоки комплекси, ги уништи до второ колено. Ги исмејуваше, ги исфрли од сите функции во партијата и државата, забрани да се довршат фасадите во центар на Пелагонија и ЕВН па градот три години е руина, изгледа како Берлин по Втората светска војна. За финална казна им го стави на чело Шилегов кој, еве , ја пие втората година од мандатот без лопата да фати.

Тоа го гледаме ние, но го гледаат и неговите. Ново, што има овде да се прочита, е следново. Некаде од октомври, а особено пред Нова година, кога стана јасно дека владата паѓа почнаа пребегувањата на некои функционери од СДСМ кон опозицијата. Некои од нив чии имиња ги знам се: еден министер од владата на Заев, двајца пратеници од СДСМ, двајца високи функционери во МВР и еден судија во Кривичен како како и судија во Апелација... е засега листата која јас ја знам, а верувам дека не е конечна, кои верувам дека веќе оствариле средби со функционери на ВМРО и понудиле свои сознанија за корупциите.

За ова кратко време разговарав со двајца од нив и дознавам дел од темите за кои е понудена соработка. По се изгледа, според наведените пребези, за почеток најмногу ќе се дознае за мрежата на СДСМ преку која се контролирало обвинителството и судството и таа е градена одамна, уште од април 2018, непосредно пред ослободителната пресуда за Зорен Заев обвинет за поткуп од функција градоначалник на Струмица за, со ослободителна пресуда, месец-два потоа да стане премиер.

Потоа, таа мрежа за контрола на судството и обвинителството е надградувана. Координирана е од висок функционер во Министерството за правда, потоа од адвокат од Струмица и двајца адвокати од Скопје, двајца обвинители, една судијка и судија во Кривичен и судијка во Апелација. Имало и плаќања, за некои од нив е формирана невладина организација во која делува и поранешен висок службеник на една амбасада.

Посебно одбран висок функционер на СДСМ, според двајцата пребези од МВР, координирал распоред на функции во МВР после кои се давала логистика на подземјето, особено нарко дилери задолжени за контрола на гласачи по десетина општини низ Македонија. Двајца функционери во МВР имале обврска да следат секаков вид акции на полицијата, пресекуваат дејствувања или покриваат криминални дејствија на партиските соработници било овде, било за нивните криминали со групи од Косово. Според нив, следени се и прислушкувани функционери на партијата ВМРО, бизнисмени и новинари како и членови на нивните семејства. Од септември до Нова година уништувани се многу документи како извешати за истраги во ВМР, документации за тендери, а некои од нив се сочувани и се наоѓаат во посед на двајцата припадници на МВР кои нудат соработка со сегашната опозиција.

Од министер во владата на Заев се дознава дека постоел план за финансирање на партиските активности со буџетски пари, особено во првата година ипол од владеењето како и логистика на владини министерства за повеќе бизниси на фамилијата Заеви не само во Македонија, туку и во Бугарија. Допрва ќе се чуе за РЕК Битола и ФЕНИ. Тоа било толку очигледно што и лица со влијание во партијата повеќе пати побарале да се запре таа пракса, некои од нив изнесувале и информации до портали финансирани од дипломатски пари или од самата партија но, ефектот бил мал. Почнува да се дознава и како тројца, од осумте пратеници на ВМРО, кои не се од Скопје, биле наведени да гласаат за уставните промени.

Ова е веќе на маса, и не го знам само јас, јас само го пишувам, а главното следи. Одлука за тоа колку од ова ќе се употреби и обзнани во предизборната кампања, а колку ќе се чува за делување по промена на власта е - одлука на ВМРО но, ништо од ова нема да остане тајна за долго. Среќа за едни, а несреќа за други, е што барањето на Европската унија и нивните повереници кои ќе дојдат тука за средување на состојбите во Финансии, Судство и Полиција ќе се падне во мандатот на Христијан Мицкоски а, очигледно, тој веќе се подготвува за тоа.

Ебаму името, ебаму... вели Заев. Очигледно, Северна и Тиранската платформа се добро наплатени.

(20.01.2020)

Најчитани вести